Американскиот државјанин со јорданско потекло, Ракен Јехад Зухаир Донат Маданат (29) кој предизвика инцидент во авионот на „Луфтханза“ за време на летот од Франкфур до Белград е пуштен на слобода.
Како што пренесуваат српските медиуми, на Јорданецот му е укинат притворот откако претходно бил постигнат договор за признавање на вината. Тој доби 8 месеци до три години условна казна и парична казна од 570 евра.
Инаку, инцидентот се случи во воздушниот простор на Австрија, кога Маданат се обидел да го собори авионот и со тоа да ги загрози животите на 124 – те патници. За среќа, тој бил совладан од екипажот во авионот, но и од страна на присебните ракометари на Војводина кои се враќале од гостувањето во Порто.
На белградскиот аеродром Јорданецот беше превземен од српската полиција.