Денот ќе помине со нешто повеќе облачност во однос на петок, но без врнежи.
Дневната максимална температура на повисоките места остануваи понатаму под 0°С, односно околу -2°С. Низ котлините во западниот и северниот регион се очекува максимална од 2°С до 4°С, а на југоисток околу 6°С.
Скопје очекува студено време со умерена облачност. Минималната температура ќе има вредност околу -8°С, а максималната околу 4°С.