Дополнителната министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски за првпат ја прекина традицијата откако вчера како министер за труд и социјална политика не го посети првороденото дете во Новата година.
За разлика од изминатите години кога ресорниот министер во првиот ден од годината го посетуваше првороденото бебе и доделуваше плакета или златна монета, Ременски вчера не го стори тоа.
Минатата година, прворедното бебе заедно со Трајановски и Тодоров го посети и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој на бебето му подари залтна монета за првородено бебе во Новата година, а на мајката плакета. Спасов го посети и првороденото бебе во 2014 година, кога на новороденчето му подари златник, еднократна парична помош и други пригодни подароци.