
Прашањето што дури и опозиционерите си го поставуваат сега не е дали „разните крими-чауши, чудните опскурни ликови од некогашните удбашки структури, превртливите апаратчици и сплеткари“ се „змијата во пазувите на опозицијата“, како што ги нарекува Бранко Героски барајќи, наводно, СДСМ да расчисти со нив, туку како дојде до тоа македонската опозиција да ја предводат токму такви структури?
Ако се суди според зборовите на „главата“ на СДСМ, што, впрочем, е многу тешко поради неговите контрадикторности, „власта ги снимала граѓаните“, а потоа таа, нели, ги дала на чување кај човек што е баран со потерница, а истиот тој во куси панталони и влечки, ноќе, седи и се фотографира со лидерот на опозицијата!? Та, нели, секој кого Заев, како и сега, го повикува да достави материјали за „криминалите на власта“ заслужува една насмеана фотографија заедно со него за да се зачува споменот од таа плодотворна средба. Објаснувањето на Заев не помина ниту кај најревносните поддржувачи, а не помина ниту кај неговите најблиски соработници.
Вакво сценарио не поминува ниту кај неговиот партиски секретар, техничкиот министер на полицијата Оливер Спасовски. Тој, пак, се огради не само од прашањето