
Околу 500 лица беа евакуирани од нивните домови во јужен Лондон синоќа поради големо истекување на гас, соопшти британската полиција.
Екипи на Брзата помош и на Црвениот крст биле повикани во регионот на Пенџ Лејн и Куин Аделејд Роуд, по добиен сигнал за истекување на гас во 22:30 часот по Гринич, даден од граѓанин преку националниот итен телефон за инциденти со гас.
Компанијата „Садерн Гас Нетворк“ соопшти дека е извршен ремонт во текот на ноќта. Жителите добиле одобрение да се вратат во своите домови во пет часот изутрината.