Нов зелен пазар ќе се гради во Делчево.
Тони Стоименовски од ЛЕР на Општина Делчево за МИА истакна дека огласот со кој општините можат да аплицираат по мерката 123 за изградба на нови зелени пазари е распишан пред еден месец, а Делчево ја искористи оваа можност и аплицираше со проект со кој, ќе се реши прашањето со градскиот пазар.
– Мерката предвидува инвестиција од државата во износ од 50 проценти од вредноста на целиот проект, а обезбедување на вториот дел од средствата, најверојатно, ќе биде преку процес на јавно- приватно партнерство. За таа цел сите заинтересирани кои имаат интерес да направат увид, ние ќе им ја овозможиме на увид целата документација, рече Стоименовски.
Проектот за нов зелен пазар предвидува изградба на отворен и затворен зелен пазар, мини трговски центар, автоперални, дискотеки, односно сите содржини кои ги има еден таков објект. Според техничката документација, вредноста на овој проект со целата инфраструктура е околу 2, 6 милиони евра.