
Изминатите неколку денови по повод новогодишните и божиќните празници Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ реализираа новогодишни посети кај многудетни семејства и семејства во социјален ризик низ нашата држава.
Беа посетени многудетни семејства во Македонска Каменица, Неготино, Аеродром, Делчево, Велес и Кичево.
Новогодишни подароци и пачетчиња беа подарени и во дневниот центар во Тетово како и на неколку семејства од социјален ризик во овој град.
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ подели новогодишни пакетчиња на семејства во социјален ризик во Крушево, Велес. Пакетчиња беа подарени на децата од Кратово.
За помош на социјално-загрозено семејство беше организирана и хуманитарна акција во скопско Чучер Сандево, а во Струмица донациите се реализираат на хуманитарна новогодишна престава.
Ова е уште една активност од серијата актовности кои ги реализираа УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период. Ваквиот тип на активности се широко поздравени и прифатени од граѓаните ширум нашата држава.
Во овие тешки времиња полни со предизвици за нормално функционирање во нашето секојдневие бесценето е задоволството кога ќе се видат насмевките и позитивната празнична атмосфера на дечињата кои беа посетени. Неизмерна е радоста што некој се сетил, ги посетил, им посветил внимание и им дал по некој скромен подарок за новогодишните и божиќните празници, велат од УЖ на владејачката партија.