Порталот на медиумската перјаница на СДСМ, Ацо Кабранов, на најдолен начин се подбива со нашата дијаспора во Канада.
На порталот Либертас е објавен текст со наслов „Почитувани Канајџани со македонско потекло шо не ве знам“, кој е навреда за сите македонски граѓани кои живеат во Канада, пишува Курир.
Еве делови од текстот кој е директна навреда до целата македонска дијаспора:
“Но, поканата до политичкиот аналитичар со брада остава – жал ми е да кажам – впечаток дека имате или недобра перисталтика или раздразнет хипоталамус и оти рачката за туш ја сметате за најгенијален изум многу повеќе отколку лифтот кој се разбира, веќе не го викате: – Одајчето шо ојт горе-долу.“
“Се надеваме мие одовде дека тоа не е точно, и постои црв кој ни вели дека сепак, не сте завршиле школо во училиште за изгубени случаи и дека не се чудите зошто оперски печај продолжува да пее откако ќе пукаат во него.“
Целта на овој текст е да се искоментира дека новинарот Миленко Неделковски е гостин на Комитската вечер, но во свој познат стил, гласноговорниците на СДСМ плукаат по народот.