
Околу 4.000 домаќинства останаа без струја на Бадник поради ледениот дожд што паѓаше цела ноќ. Повеќе села во околината на Књажевац се без струја а на подрачјето на општината е прогласена вонредна состојба, јавуваат српските медиуми.
Окол 4.000 домаќинства поради дефектите предизвикани од мразот останаа без струја. Тимовите на српски ЕПС се на терен за да ги отстраната дефектите и да воспостават нормално снабдување со електрична енергија. Во текот на утринските часови биле отстранети сите дефекти на високиот напон, а се работи на отстранување на дефектите на нискиот напон.