Општина Аеродром објави тендер за изградба на нова детска градинка во рамки на клонот „Чекорче“, која ќе има капацитет од 250 дечиња и ќе се гради во населбата Јане Сандански.
Објектот ќе содржи 6 големи занимални на приземје и три на кат, односно вкупно 9 занимални. Исто така ќе има и простор за прием, кујна, санитарни јазли, административен простор и подрумски простории. Целиот објект ќе биде на површина од 1.700 метри квадратни.
-Очекувам таа да биде готова за 6 месеци од почетокот на градбата. Тендерот треба да заврши на средината на февруари. Ова е втора градина која почнавме да ја градиме оваа година инаку трета градника во последниве три години која ја гради општина Аеродром во соработка со Министерството за труд и социјална политика, рече градоначалникот Коневски.
Објектот ќе биде енергетски ефикасен, а материјалите за изградба ќе бидат еколошки прифатливи.
-Министерството за труд и социјална политика инвестираше во целосно нова градинката „Сонце“ со капацитет од