
Покрај улогата и снимањето на филмот, тие зборуваа и за најголемите стравови на актерот, па така Елен го праша која е најстрашната работа која му се случила до сега?
-Со авион патував за Русија кога наеднаш моторот експлодира. Гледав низ прозорот кога забележав како целиот мотор е во пламен. Двата мотори се запалија, а јас бев единствениот од патниците кој со свои очи го виде тоа. Изгледаше како огромна огнена топка. Во авионот сите беа Руси, јас се чувствував како да сум умрел и како да сум веќе во рајот бидејќи никој не проговори ни збор бидејќи, а јас врескав со сета сила „Што се случува!!!!“, објаснува Ди Каприо.
И покрај тоа што и двата мотори на авионот со кој патувал актерот се запалиле, тој слетал безбедно.