Канадскиот тенисер Милош Раониќ триумфираше на турнирот во Бризбејн откако во финалето го совлада Рожер Федерер со 2:0 во сетови. Двата сета Раониќ ги доби со 6:4 во гемови за 87 минути.
Воедно ова беше одмазда за поразот во ланското финале на истиот турнир. Ова беше само втора победа за Раониќ против Федерер во нивниот 11.ти меч.
Раониќ стигна до седмата титула во својата кариера, а прва по септември минатата година кога победи во Санкт Петербург.