
Собраниските комисии за европски прашања и за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да одржат седници.
На дневниот ред на Комисијата за европски прашања е Предлог законот за медицинските сестри и акушерките, во прво читање, а Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи јавна расправа по Предлог-законот за нотаријатот.