Фотографии од несреќата во која е повреден синот на Цеца

Вељко Ражнатовиќ (20) синот на Цеца Раѓнатовиќ во саботата беше повреден во сообраќајна несреќа која се случила кај Модрич во Република Српска.

Ражнатовиќ не е во животна опасност, а се здобил со прелом на зглобот на раката и ставена му е медицинска јака.

Три лица се здобија со повреди во сообраќајната несреќа што се случила помеѓу две возила во местото Писари, општина Модрич, соопштуваат од Центарот за јавна безбедност во Добој.

sin-ceca-soob-1

Несреќата се случила околу 14 часот кога автомобилот „Ауди А6“ со кој управувал Никола В. И во кој како совозач се наоѓал синот на Цеца, директно се судрил со автомобил „Рено Лагуна“ со кој управувал Милан С. од Шамец.

За чудо избегната е трагедија затоа што тоа беше силен и директен судир. Вељко патувал заедно со неговиот другар Никола В. а пред нив се наоѓал автомобил што нагло закочил, а притоа не сигнализирал дека ќе сврти десно.

sin-ceca-soob-2

Другарот на Вељко за да го избегне судирот преминал во левата лента и директно се судрил со Реното. Најважно е дека учесниците во сообраќајната несреќа се живи, велат извори за српски Курир.