
Разбојник вчера попладне извршил разбојништво во аптеката „Виола“ во трговскиот центар Буњаковец, каде што на вработената и се заканил со шприц, по што украл 4.660 денари од прометот и четири пакувања „Вијагра“.
Кога ги зел и таблетите излегол и се упатил во правец на Универзална сала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.