Левото крило веќе најави дека нема да потпише договорот со Барселона, па од неколкуте понуди што ги доби 35-годишниот Сигурдсон ја избра онаа на германскиот вицешампион.
За Исланѓанецот ова ќе биде враќање во Бундес-лигата, каде со голем успех го носеше дресот на Кил. Претходно, Сигурдсон настапуваше и за Некар Левен во периодот од 2008 до 2011 година.
Некар Левен неверојатно се разви по моето заминување пред четири години. Станува збор за еден од најдобрите клубови во Европа, со сериозен и стабилен проект. Со нетрпение очекувам да се вратам назад во Бундес-лигата, секогаш сум се чувствувал пријатно со моето семејство во Германија, изјави Сигурдсон.