
Околу 90.000 бегалци поднеле барање за азил во Австрија минатата година.
Најголем број од барателите на азил се Авганистанци – 25.202 барања, Сиријци 24.064 и Ирачани – 13.528.
Според прелиминарните податоци, тоа е зголемување за 200 отсто во споредба со 2014 година кога биле поднесени 28.000 барања. Ланската бројка е сепак далеку под историскиот рекорд од 170.000 колку што биле поднесени во 1956. година за време на кризата во соседна Унгарија.