Забрана за камиони на патот Охрид – Ресен

Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Охрид – Ресен, преку планинскиот премин Буково.

Како што информира Автомото сојузот на Македонија, укинати се забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево и крак Маврово – Дебар, кои беа воведени поради интензивни врнежи од снег.