
Грчката крајбрежна стража вклучи и робот во нејзините операции за спасување на имигранти и бегалци од водите во Егејското Море, објави атинскиот весник „Етнос“, пренесува МИА.

Според весникот, станува збор за роботот наречен Емили, кој е создаден од научници од Институтот во Аризона.
Емили веќе патува крај брегот на грчкиот остров Лезбос и ги координира напорите на спасувачките тимови при операциите за помош на имигрантите.