
Српскиот премиер Александар Вучиќ е блиску до одлуката во Србија да се одржат вонредни парламентарни избори заедно со покраинските и републичките, дознаваат „Вечерње новости“ , пренесува Б92.
Доколку се одлучи за таа опција, претседателот на српската влада кон крајот на февруари би можел да поднесе оставка, а според сегашните калкулации оптималниот датум за одржување на покраински, локални, но и евентуални републички избори и 24-ти април.
Во тој случај парламентарните избори би морале да бидат распишани најрано на 24-ти февруари, а најдоцна на 10-ти март со оглед на тоа што кампањата според законот мора да трае од 45 до 60 дена.
Вучиќ веќе имаше средба со српскиот претседател Томислав Николиќ, а веќе за една недела закажа седница на Главниот одбор на СНС на која од раководството ќе побара во наредниот период да може да одлучи за одржување на избори и пред партиското собрание што е закажано за 13-ти февруари.
По ова тој ќе оствари средба со најблиските соработници и коалициони партнери, па дури потоа ќе следи одлуката за евентуалните републички избори во Србија.