
Десетици т.н. граѓански органзиации од кои најголем дел под капата на СОРОС денеска побараа од Хан да се одложат изборите, објавува порталот „Прес24“.
– Потсетуваме дека целосното спроведување на Договорот од Пржино треба да означи крај на најдлабоката политичка криза во државата од 2001 година наваму и да резултира со одржување фер, слободни и демократски избори. Ние граѓанските организации бараме од ЕУ, САД и другите домашни и странски фактори вклучени во решавањето на кризата да ги уважат нашите аргументи и да ги одложат предвремените парламентарни избори се додека не бидат исполнети точките од договорот во Пржино и од итните реформски приоритети кои се однесуваат на изборите. Нашата единствена цел е овозможување фер и вистинска атмосфера во која што ќе веруваат граѓаните и ќе ја препознаат како можност за артикулација на својата волја за политички избор“, објавува „Прес24“ изјава на Фани Каранифлова- Пановска, извршна директорка на ФООМ.