
Ниту едно парче облека толку долго не го задржал статусот на култно парче како малиот црн фустан, на кој во однос на популарноста може да му „парира“ само џинсот и белата кошула.
Малиот црн фустан (англ. little black dress или скратено LBD) прв пат бил виден во 1926-тата година на цртежот на кој Коко Шанел го прикажала нејзиниот фустан The Ford. Уредниците на магазинот Вог овој фустан тогаш го нарекоа по тогашниот Модел Т автомобил, а првата верзија имала долги ракави и била изработена од црна свила со четири дијагонални пруги што се простирале низ целата површина.
Според нив…