
Македонските и словенечките гранични полицајци во автомобил најдоа осум илегални мигранти, а по возачот се трага.
Како што јавува МВР, вчера околу 13,20 часот од страна на полициска патрола од граничната полиција на Богородица и полициските служебиниси од Република Словенија во реонот на село Црничани-Брана Паљурци било забележано сомнително движење на автомобил “БМВ“ со скопски регистерски ознаки.
Полициската патрола се упатила по него, по што возачот го сопрел возилото кај раскрсницата Богданци-Валандово-Дојран и избегал.
При проверката, било утврдено дека во возилото се наоѓаат осум илегални мигранти од Мароко.
Увид на местото на настанот извршила екипа увидна екипа од ПС-Гевгелија. По наредба на Основното јавно обвинителство мигрантите биле предадени во прифатниот транзитен центар -Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото.