Припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) кидпапираа најмалку 400 цивили од градот Дејр ал Зур во источна Сирија, каде претходно, според различни извори, масакрирале меѓу 135 и 300 лица, пренесува МИА.
Како што јави ДПА, повикувајќи се на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, џихадистите ги киднапирале цивилите, меѓу кои и голем број жени и деца, за време на борбите за освојување на населбата Багалија, која беше под контрола на владините сили.
Според истиот извор, киднапираните цилили биле префрлени на територија под контрола на ИД.
Сите киднапирани се сунити. Меѓу нив има жени, деца и членови на семејствата на прорежимските борци, изјави деректорот на Центарот, Рами Абдел.
Егзекутирани 300 борци на сириската армија
Претходно денеска, сириските власти соопштија дека џихадистите во текот на вчерашниот ден во Дејр ал Зур егзекутирале околу 300 борци на провладините сили и членови на нивните семејства.
Според извор во сириската Влада, меѓу убиените имало околу 80 провладини борци, додека останатите биле членови на нивните семејства, најголемот број жени, деца и повозрасни лица.
Локални невладини организаиции, пак информираа за околу 250 егзекутирани лица, додека според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, бројот на жртвите на масовните егзекуции во Дејр ал Зур изнесува 135 лица.
Центар соопшти и дека за време на вчерашните судири во Дејр ал Зур загинале најмалку 75 сириски војници и припадници на паравоените формации лојални на претседателот на Сирија, Башар ел Асад.
Според истиот извор, борци на ИД навлегле во северниот дел на Дејр ал Зур и ја освоиле населбата Багалија, со што презеле контрола врз 60 проценти од градот.