
Рано исутринава во Клубот на пратениците започнаа средбите на работните групи од четирите најголеми политички партии со олеснувачот во преговорите Питер Ванхојте. По два часа преговори средбата заврши.
На маса денес беше прочистувањето на избирачкиот список за изборите што треба да се одржат годинава на 24-ти април. Ќе се разгиовара за методологијата на прочистување на списокот, што како главен услов за излегување на избори беше поставено од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
На лидерската средба што се одржа во петокот со посреништво на еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, Заев беше единствен од лидерите што побара одложување на изборите и покрај укажувањата на еврокомесарот дека земјата е подготвена за избори.
Се очекува преговорите на работните групи да продолжат и во текот на наредните денови се додека не се дојде до конечен договор.