![centar-soobrakaj Утре затворен сообраќајот во центарот на Скопје поради Водици](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/01/centar-soobrakaj.jpg?resize=500%2C266&ssl=1)
Во периодот од 11 часот до завршување на манифестацијата ќе биде затворена за сообраќај улицата „Филип Втори Македонски“, на потегот од булеварот „11 Октомври“ до булевар „Гоце Делчев“, како и кеј „Димитар Влахов“ и кеј „13 Ноември“ во делот на мостот „Слобода“.
СВР-Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот режим.