Во повеќе градови од федерацијата Босна и Херцеговина меѓу кои се Сараево, Тузла и Мостар денеска се најавени нови протести.
За точно напладне се најавени протести на граѓаните во Сараево пред зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина.
Во Тузла обезправените работници на уништените индустриски гиганти повторно ќе излезат на улица. Планирано е тие да се собираат секоја среда за да укажат на тоа дека нивните проблеми не се решени.