
Без разлика на тоа колку сте потиштени и дека не ви е до ништо, постојат нешта што можете да ги направите за брзо да се ослободите од негативната енергија, веднаш да го кренете расположението и да ги привлечете убавите нешта во животот.
Сите се чувствуваме така од време на време, а понекогаш е добредојдена мала помош за да се вратиме на вистинскиот пат. Еве некои знаци дека негативната енергија го блокира светлото во вашиот живот:
-Поголемиот дел од луѓето ве иритираат или ве вознемируваат во последно време;
– повлечени сте;
– не се гледате со луѓето што ги сакате;
– доживувате непријатни ситуации;
– вашиот дом изгледа тмурно и постојано е во неред;
– чувствувате дека другите луѓе не ве ценат доволно;
– се чусвтвувате уморно и тажно.
Еве како да ја исфрлите негативната енергија
Ако чувствувате било кој од наведените проблеми, тоа е сигурен знак дека негативната енергија се вовлекла во вашиот живот. Но, немојте да се грижите, затоа што постојат нешта што може да ги направите и брзо да го тргнете облакот со негативна енергија, така што веднаш ќе го кренете расположението и ќе ги привлечете убавите работи во животот.