
Непознат сторител вчера, околу 20.30 часот, вооружен влегол во казиното „Сенатор“, на булеварот Партизански Одреди и извршил разбојништво над вработената, при што одзел околу 150.000 денари. Веднаш потоа го напуштил местото на настанот, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.