Откако неговиот тим доби вистинска лекција по модерен фудбал, предводникот на Баерн од Леверкузен, Семи Хипија, по натпреварот против францускиот гигант ПСЖ изјави дека „фамацевтите” подобро функционирале со играч помалку отколку кога двата тима имале ист број на фудбалери.
„Прво, мора да го анализираме тимот на ПСЖ, да анализираме кој тим го имавме за противник. ПСЖ е клуб од светска класа и не можам да не кажам дека одиграа фантастично од првата до последната минута. Речиси е невозможно да се вратиш во игра доколку примиш погодок на стартот од првото полувреме. Го немавме потребниот ритам во првото полувреме, а одигравме многу подобро со играч помалку”, изјави поранешниот репрезентативец на Финска.