Сообраќајот на автопатот А-3 Битола – Ресен, кој беше во прекин поради поставено и запалено ѓубре, од 21 часот е нормализиран во двата правци, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Поради ниски температури, на повисоките планински и осојничави места можна е појава на голомразица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ.