
Трибина во рамки на кампањата „ На Македонија и треба твојата идеја “ вечерва се одржува во општина Петровец.
На трибината, Владимир Пешевски уште еднаш истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не даваат празни ветувања, како и потенцира дека секоја предложена идеја ќе биде запишана и анализирана.
-Давам ветување дека секој идеја која ќе биде предложена ќе биде запишана и внимателно анализирана и доколку постои можност ќе биде вклучена во програмата. А моментот кога ние ќе дадеме верување, тоа е моментот кога ќе биде отпечатена програмата и она што ќе биде ставено во програмата ќе биде нашето верување како политичка партија, дека тоа е она што ние се обврзуваме да го направиме доколку ја добиеме довербата од граѓаните. А сигурни сме дека ќе ја добиеме, порача Пешевски.
Тој потсети дека овие избори не се желба на ВМРО-ДПМНЕ, туку истите се случија како резултат на големата политичка криза која ја предизвика СДСМ.
-Нивната желба за избори, сега се претвори во страв од истите. Ние и тогаш и во текот на целата година зборевме дека ВМРО-ДПМНЕ треба да си го доврши почнатото, ние сакаме да се реализираат сите оние проекти кои што сме ги ветиле. И исто како во минатото секогаш кога сме дале ветување, исполнуваме над 90% од тоа што е ветено и исполнуваме дополнителни 40-50% работи кои не се ветени а сме ги реализирале во интерес на граѓаните, рече Пешевски.
СДСМ инсистираше на избори, еве ги изборите а она што го гледаме сега, вели Пешевски, е дека бега од соочување со реалноста бидејќи и покрај сета негативна енергија која ја создадоа, сепак поддршката на народот е со ВМРО-ДПМНЕ.