
Новите проекти за млади од програмата на ВМРО-ДПМНЕ кои вчера ги најави претседателот на партијата Никола Груевски денес беа презентирани на трибина која ја организираше младината на оваа партија, со цел нивно доближување до младите.
Претседателот на градскиот комитет на УМС и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Лука Кржаловски истакна дека голем број од проектите се реализираат како идеи дадени толку од младите лица.
-Пред месец и половина беа најавени мерките „ Купи куќа за млади “, бесплатен јавен превоз за сите студенти како и проектот средношколска среда. Сите овие проекти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги направи во директна комуникација со младите луѓе и истите наидоа на голем интерес, истакна Кржаловски.
Тој додаде дека УМС на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно организира трибини за собирање на идеи и во иднина ќе продолжи со таквата активност.