Дел од Аеродром без вода

 

Поради уличен дефект на цевка ф150мм на Булевар Авној 4, во Општина Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од висока зона Булевар Авној од бр. 2 до бр. 20 Булевар Јане Сандански зграда 3, 5, и 9 ул. Бојмија зграда бр. 3, 5, и 9 ул. Методија Шаторов Шарло и ул. Анастас Митрев до 15:00 часот.

Исто така на располагање на граѓаните ќе има цистерна со вода, која ќе биде стационирана кај Мајчин Дом, а од 12:00 до 13:00 часот истата ќе биде стационирана кај ТЦ „Три Бисери“.

Телефон за информации: 02 3073010