
Доктор од Лос Анџелес, Викен Шакиан, тврди дека многу познати дами никогаш не биле бремени и напоменува дека се повеќе такви познати личности доаѓаат кај него и се одлучуваат за сурогат мајка, за да ја зачуваат својата фигура.
Па, така, се одбираат совршено здрави жени на кои им плаќаат да ги носат и да ги раѓаат нивните деца и на тој начин се поштедуваат себе си од сите „маки“ кои ги носи бременоста. Тоа им овозможува да го сочуваат изгледот и да не прават паузи во кариерата, ако работата им зависи од совршениот изглед.

Доктор Шакиан кој за време на својата кариера донел на свет преку 3.000 бебиња и направил преку 6.000 ин витро оплодувања, вели дека имал многу познати клиенти кои се одлучиле за сурогат мајка. Тој одбил да наведе имиња, но истакнал дека некои од нив дури и ја лажирале бременоста, додека тајно имале сурогат мајка.