1.208 потврди за барање азил за 24 часа

Министерството заз внатрешни работи во текот на изминатите 24 часа издало вкупно 1.208 потврди за остварување на правото на азил на мигранти.

Од нив 505 се мажи, 244 се жени и  459 деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Како што соопшти денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија  – 605, Авганистан – 443 и Ирак – 160.

Во периодот од  1 јануари 2016 до 23 јануари 2016 година, издадени  се потврди на вкупно 39.043 странски државјани, од кои 16.484 се од машки пол, 8.359 се од женски и 14.099 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител.

Во периодот од 00:00 до 24:00 часот на 21 јануари годинава до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.