Терористичката организација Исламска Држава има ново оружје во нејзиниот арсенал. Организацијата пушти во етер сопствена телевизија, која што ќе има за цел да помогне во ширењето на пропагандата против Западот, јавува Дејли Експрес.
Телевизијата што е означена како „официјална“ ќе емитува вести за воздушните напади од страна на Коалицијата, за казнувањата, вежбите, па дури ќе има и временска прогноза.
Телевизијата што емитува програма од 9 до 21 часот ќе обезбеди уште една платформа за ширење на нивната пропаганада.
Телевизијата е емитувана преку египетската сателитска компанија Нилсат стрим, но не е јасно дали има добиено дозвола за емитување или ИД го хакирала сигналот.
Во моментов, се верува дека телевизијата зрачи од Ирак, каде неодамна се водеа мошне тешки борби помеѓу џихадистите и државната армија.