Чамец со бегалци се преврте во источниот дел од Егејското море, кај северниот брег на островот Кос а спасувачите досега пронашле тело на бебе, соопштуваат тамошните власти.
Крајбрежната стража навела дека едно лице успеало да доплива до врегот и да побара помош. Преживеаниот навел дека во чамецот имало помеѓу 6 и 10 лица, пренесува Б92, повикувајќи се на АП.
Во потрагата учествуваат патролен чамец на крајбрежната стража, чамецот на Фронтекс, хеликоптер и група волонтери.