
Еден човек беше убиен во оружен судир со полицијата, а лидери на вооружена група кои во изминатите три недели окупираа национален резерват во Орегон се уапсени, соопштија од ФБИ.
Меѓу седуммината уапсени е и лидерот на групата Амон Бунди. Во престрелката повреден е еден човек.
Група активисти кои зазедоа национален резерват во почетокот на јануари протестираа поради изрекување затворски казни за двајца ранчери осудени за подметнување пожар. Тие бараа и од американската влада да го врати државното земјиште на локалните официјални лица.