Нови икони кои ќе го збогатат „like“ копчето на Фејсбук

Нови икони кои ќе го збогатат „like“ копчето на Фејсбук
Нови икони кои ќе го збогатат „like“ копчето на Фејсбук
Пред околу пет месеци, кога во главно грешно беше пренесена информацијата на Фејсбук за тоа дека размислува да направи промени со лајк копчето, најавено беше дека тоа нема да биде во форма на дислајк, туку во форма на искажување на емпатија, емоции и слично.

Оваа недела конечно имаме потврда за тоа дали и во каква форма ќе биде направено дополнувањето на лајк копчето, а таа доаѓа од разговорот што Bloomberg го имаше со Крис Кокс, главен за производи во Фејсбук.

Како и што беше шпекулирано неколку пати досега, покрај лајк копчето ќе бидат додадени дополнителни икони коишто изразуваат неколку емоции, односно поточно како што е и нивното име, реакции на одредени ситуации.

1fejsbuk

Тоа и беше замислата при правењето на реакциите, да на луѓето им се даде можност да искажат нешто друго покрај допаѓање, за ситуациите кога тоа не е баш прикладно и погодно.