
Повторно прогласена тревога во пет париски гимназии, откако утрово биле примени заканувачки дојави.
Дојавите содржеле закана дека напаѓачи „вооружени со калашникови и со бомби ќе отидат во пет париски гимназии за да предизвикаат максимален број на жртви“, пренесуваат француските медиуми.
Раководствата на училиштата веднаш биле информирани за заканите по што е спроведена евакуација на учениците и вработените, а во исто време околу гимназиите се распоредени полициски сили.
Истрагата, сега е насочена кон утврдување на тоа од каде доаѓаат заканите.
Претходната дојава од пред неколку дена за поставени бомби во пет париски гимназии се покажаа како лажни.