
Оружјето бело откриено при поминувањето низ безбедносната врата на хотелот „Њујорк“, што се наоѓа на брегот на езерото на Дизни-селото, која веднаш алармирала откако лицето ја поминало. Тој веднаш бил запрен од обезбедувањето на хотелот, кое потоа му го предала на полицијата. При апсењето не пружил отпор.
Младата жена која го придружувала побегнала. Лицето имало резервирано соба за две лица. Околу неговиот автомобил е поставен безбедносен периметар во очекување на службите за деминирање, кои ќе треба да го проверат.
Ова лице, со место на живеење во Париз и е познато на полицијата поради возење на автомобил без возачка дозвола.
Според префектот на Сена и Марна, Жан-Лук Маркс, не се знаат засега точните намери на уапсеното лице.
Франција се наоѓа се уште во вонредна ситуација по атенатите од 13 ноември 2015.