Во Венецуела се проценува дека 4.700 луѓе се заразени со опасниот вирус Зика, соопшти тамошното Министерството за здравство.
Врз основа на симптоми, сметаме дека има толкава цифра на заразени, изјави министерката за здравство Луисана Мело.
Таа додаде дека вистинскиот број е многу повисок бидејќи голем дел од пациентите не се свесни дека имаат вирус.
Тоа се први објавени податоци од Венецуела, држава со околу 30 милиони жители.
СЗО соопшти вчера дека во следните 12 месеци во Северна и Јужна Америка од тој вирус може да се заразат три до четири милиони луѓе и таа болест може да се прошири и во Кина.