На ваков начин се обраќале обвинителите подредени на Катица Јанева кон лицата повикани на разговор. Надвор од секаква процедура пропишана со закон, крајно пристрасно и политички, овластените соработници на Катица Јанева во недостаток на докази вршеле брутални притисоци за да изнудат изјави и искази кои не кореспондираат со фактичката состојба, пишува „Курир“
Спротивно на законот, членови на тимот на Катица Јанева се јавувале на приватни телефони и испраќале пораки, повикувајќи лица во ресторани или на паркинзи. На едно од повиканите лица, дури е нуден и поткуп за да даде исказ во согласност со насоките кои ги добиле од нивната претпоставена.
Ваквите незаконски дејствија, резултираа со две кривични пријави. Првата по службена должност против вработен во МВР заради „незаконско влијание врз сведоци“, поднесена против вработен во МВР кој имал чести контакти со тимот на Катица Јанева и Оливер Спасовски. Вработениот кој изминатиов период беше метеорски унапреден од Спасовски, се обидел со пари да го подмити повиканото лице да биде сведок на Катица Јанева. Втората кривична пријава е поднесена против тројца обвинители од тимот на Катица Јанева, меѓу кои и кумот на Филип Медарски-адвокат на Зоран Заев, заради „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Деновиве медиумите пренесоа дека Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева и лидерот на СДСМ Зоран Заев имале средба надвор од Скопје и го договориле мастерпланот за одложување на изборите.
Истиот, според објавените информации требало да се реализира пред посетата на Хан и да кулминира со