
Опозицискиот лидер, Зоран Заев упорно бега од изборите закажани за 24-ти април.

И покрај сите уверувања дека барањата ќе бидат исполнети и дека се создадени сите услови за фер и демократски избори, опозицискиот лидер бега од соочување со народот.
Но, затоа ја виде и пораката од граѓаните. На социјалните мрежи, граѓаните му порачаа дека тој е антидржавник, пишува Курир.
Тие сметаат дека Заев не сака избори затоа што знае дека истите ќе ги загуби. Граѓаните му порачуваат на Заев дека доста ја турка Македонија во бездна и дека затоа ќе добие казна од народот на претстојните избори на 24-ти април.
Понатаму, граѓаните велат дека Заев не е тој што одлучува дали ќе има избори или не. За нив е сосема јасно дека Заев бега од избори поради мизерниот рејтинг .
Граѓани на Струмица исто така му испратија порака на Заев.
Огромен број на граѓани јасно му посочуваат на опозицискиот лидер дека тие сакаат избори за конечно да заврши кризата во која тој ја втурна Македонија.