
Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо на денешната трибина на „Павел Шатев“ истакна дека разликата помеѓу извозот и увозот минатата година е позитивна од околу 230 милиони евра, што директно влијае врз БДП-то.
Македонката економија добива позитивни оценки и од страна на најрелевантни институции, како на пример извештајот на Светска банка, каде Македонија имаше највисок пласман на Балканот и 6-ти во Европа и 12 во светот.
-Целиот процес на континуирани реформи кои се спроведуваат 8-9 години полека но сигурно вродуваат со плод но не само за тоа на кое место сме рангирани туку уште повеќе. Глобалните светски компании најчесто пред воопшто да дојдат и да ја гледаат Македонија како дестинација се прави т.н. „деск рисрч“кога ангажираат некоја консултантска фирма и се прави анализа на голем број на земји. Сите овие реформи се многу важни бидејќи директно го подобруваат начинот на водење бизнис но и од компанијата која ќе дојде тука ќе може побрзо да стане оперативна и профитабилна, рече Мизо.