Симеоне потсети дека се бројат погодоците, а не шансите

Видно среќен, најмногу поради минималниот но злато вреден триумф над Милан во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони, предводникот на Атлетико (М), Диего Симеоне, изјави дека не е важно кој тим има создадено повеќе шанси, важно е кој тим има постигнато повеќе погодоци.

“Атлетико (М) разочарал? Не знам од каде тие информации дека сме толку добри, дека сме непобедливи. Атлетико (М) е еден нормален тим. Имавме добар страт, но потоа Милан имаше апсолутна доминација до крајот на првото полувреме. Имавме големи проблеми, особено по десната странична позиција. Во продолжението освоивме доста простор, но не создадоме некоја посериозна шанса. За среќа, во фудбалот се бројат погодоците, а не создадените шанси. Тибо спаси чист погодок во првото полувреме, а Коста ја искористи единстената посериозна шанса. Му дозволивме на Милан да го наметне својот стил на игра во првото полувреме и тоа не ми се допадна”, изјави аргентинскиот стручњак.