
Две лица се повредени во текот на вчерашниот ден од ловечки пушки во два одделни случаи.
Во првиот случај на планинскиот дел над демирхисарското село Боиште, 35-годишниот М.Д. од ловечката пушка за која имал дозвола испукал еден патрон при што го повредил 21-годишниот В.А. во пределот на грбот. Повредениот е пренесен во Клиничката болница во Битола, а потоа поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Во вториот случај на планината Китка во близина на селото Алдинци при лов се самоповредил од ловечка пушка 62-годишниот Д.Б. Повредениот е пренесен во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде му е укажана лекарска помош поради повредата на показалецот на десната рака.