
Настапот денеска го најави „Авалон продукција“, која носи уште еден актуелен и реномиран музичар во Македонија.
Џон Њуман, неколкукратно номиниран за „Брит наградите“, е британски музичар најпознат по синглот „Love me again“. Со продадени 1,3 милиони копии од неговите песни само во Велика Британија, тој е едно од најпознатите имиња на сол-поп сцената.
Деталите за концертот ќе бидат објавени наскоро.