
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска ќе оствари средби со претставници на новинарските и медиумски асоцијации и здруженија.
Во 13:30 часот е предвидена средба со Македонската асоцијација на новинари.
Во 15:00 часот е предвидена средба со Македонската медиумска асоцијација.
Во 16:00 часот е предвидена средба со Здружението на новинарите на Македонија.
Средбите ќе се одржат во Владата на Република Македонија.